Локација: Вила Едем се наоѓа во Лименас, на 7 минути пешачење од плажата Папијас и 1 км од плажата Тарсанас. Реновирана е во 2019 година и адаптирана за релаксирачки одмор.
Содржина на вилата: Во понудата имаме двокреветни и трокреветни студиа кои се наоѓаат на прв, втор и трет кат од вилата. Вилата има сезонски надворешен базен, лежалки и бар покрај базенот. Во дворот на вилата се наоѓа и туш, како и просторија каде патниците можат да ги остават своите работи последниот ден пред напуштање на вилата. Вилата има паркинг, видео надзор, бесплатен WiFi, како и клима за која се доплаќа 8 евра од ден.
Соби: Собите имаат кујна со основен прибор за подготовка на лесни оброци, плакар, ТВ, сеф, постелнина и крпи. Промена на пешкири и постелнини на секои 5 дена. Чистење на вилата секој ден.