Хотелска содржина:
Хотелскиот комплекс се состои од главна зграда со шест ката и анекс зграда каде се сместени премиум собите. Хотелот има своја приватна песочна плажа со пристаниште, каде што гостите на хотелот можат бесплатно да користат крпи, лежалки и чадори. Во склоп на хотелот, гостите имаат на располагање два надворешни базени за возрасни и еден базен за деца (со неколку тобогани за помали деца). Во текот на зимската сезона, сите базени се загреваат. Спортските и забавните активности вклучуваат тениски терени, одбојка, сквош, пинг-понг, фитнес центар, разни спортови на вода и разни видови анимација. Исто така, хотелот Хилтон Плаза има голем, добро уреден Спа центар каде гостите можат бесплатно да ја користат теретаната, додека други содржини се достапни со дополнителен надомест. За деца има игралиште, детски клуб, базен со аква парк, детско мени и детска анимација. Хотелот има организиран превоз до центарот на Хургада со шатл-автобус, секој ден попладне и навечер, со доплата. Бесплатен Wi-Fi интернет е достапен низ целиот хотел.
Содржина на собите:
Хотелот Хилтон Хургада Плаза нуди 495 модерно опремени сместувачки единици. Сите соби се модерно опремени и имаат клима, сателитска LCD телевизор, сеф, мини бар, котел и сет за кафе, бања опремена со када и туш, Wi-Fi интернет. Нудиме стандардни соби (со француски балкон, 36 m²), луксузни соби со поглед на море (површина 33 m²), супериорни соби со поглед на море (површина 44 m²), премиум соби (површина 44 m²), кои имаат опремени кујнски простор и се наоѓаат во зграда поблиску до плажа, како и различни типови на апартмани.
Услуга: