Во студијата или апартманите се влегува првиот ден од престојот во 15:30 часот (по локално време), а студијата и апартманите се напуштаат последниот ден од престојот најкасно до 09:00 часот (по локално време). Патниците влегуваат во исчистени и сподготвени сместувачки единици, но за време на престојот се должни да се грижат за нивната хигиена. Сите апартмани и студија имаат основен кујнски прибор и опрема, но не и тоалетна хартија и средства за хигиена. Не е можно да се избере кат, поглед или број на соба, освен ако не е поинаку наведено во програмата.
Во случај на недоволен број пријавени патници, агенцијата го задржува правото да откаже или организира одредени поаѓања во соработка со друга агенција. Минималниот број на патници за организација на аранжманот е 30. Во случај на откажување, минималниот рок е 15 дена пред почетокот на аранжманот.
Организаторот го задржува правото да ги продаде своите слободни капацитети преку понудите LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Странките кои го платиле аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надоместок за разликата во цената.