Локација: Вила Афродита се наоѓа на плажа и е една од најпознатите вили во Лептокарија.
Содржина на вилата: Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија, како и соби. Тие се наоѓаат на првиот кат од вилата. Повеќето од студијата имаат страничен поглед на море или базен, додека собите имаат директен поглед на море. На гостите им е на располагање базен за возрасни и деца со лежалки и бар покрај базен, (користењето на базенот е бесплатно со конзумација на пијалоци), ресторан, kафе бар и WiFi (мал проток). Вилата има и приватна плажа, каде што гостите на вилата можат да користат лежалки и чадори со задолжително консумирање пијалоци. До зградата има голем јавен паркинг. На приземјето на вилата гостите можат да го остават својот багаж последниот ден, каде што се обезбедени и тоалети. Исто така, вилата располага со туш кој се наоѓа во дворот.
Содржина на собите: Сите студија имаат опремена мала кујна (фрижидер, мини електричен шпорет, садови без тави) наменета за подготовка на лесни оброци, додека во собите и апартманите нема чајна кујна. Клима уред чие користење се доплаќа 5 евра на ден, гардеробер, ТВ, бања и пространи тераси. Вилата има крпи. Чистењето се врши секој петти ден, како и менување на крпи и постелнина.