Локација: Вила Петрино се наоѓа на 400м од плажата Писо Крионери, на рид над патот, од кој има волшебен поглед кон морето и цела Парга. Опкружен со богато зеленило, на гостите им нуди целосно уживање во оаза на мирот. Од центарот на градот е оддалечен 450м.
Содржина на вилата: Објектот располага со рецепција, базен за деца и возрасни со лежалки и чадори на располагање на гостите, ресторан, бар, паркинг, туш кабина и просторија за чување на багажот на последниот ден од вашиот престој. Вилата има и видео надзор.
Соби: Сите сместувачки единици се опремени со кујна (мини електричен шпорет, фрижидер, садови без тави), клима, WiFi (послаб проток), тераса со поглед на базен и море, сопствено купатило, ТВ, сеф, кревет постелнина и крпи. Во собите има и котел. Крпите и постелнината се менуваат на секои 5 дена, а чистење на секои 10 дена. Сместувачките единици се наоѓаат на приземје, прв и втор кат од вилата.