Време е да започнете да ја планирате Новогодишната ноќ!

Златибор - Специјална Новогодишна Понуда

Програм на патување:

Златибор е место каде е најдобро сочувана српска традиција, идеално место за одмор, место на највкусните српски специјалитети, а воедно е место каде можете да уживате во убавините на секое годишно време. Слободно можеме да кажеме дека Златибор е збир на најдоброто од Србија. Баш поради сето ова Златибор е една од најпосетените туристички дестинации во Србија. Близината на Мокра Гора и Дрвенград, познатата Шарганска осмица, Вишеград и врвот Торник, кањонот на реката Увац, етно село Сирогојно, Стопиќа пештера, водопад Гостиље, каубојски град Ел Пасо, се доволни причини за одлука да ја посетите оваа планина и да уживате во најдоброто што Србија има да понуди.

Програм на патување:

30.12.2022 (петок)
Тргнување на групата 23:30 часот од Скопје (на паркингот карши пумпата Мак Петрол-Железничка) . Со високо туристичкии автобуси се патува накај Србија преку граничниот премин Табановце.
Прв ден: 31.12.2022 (сабота)
Пристигнување на Златибор во утринските часови. Сместување на групата во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs). Слободно време за одмор и за уживање во базенот во хотелот (бесплатно користење). Хотелот располага и со модерен релакс центар чии услуги можете да ги користите со доплата (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум). Индивидуални прошетки низ градот кој е подготвен за највеселата ноќ. Кога ќе зачекорите низ овој туристички центар, првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Вечера во ресторанот на хотелскиот комплекс. Вечерта, организиран дочек на Новата 2023 година на плоштадот со богата музичка програма и забава со познати естрадни уметници од Србија. Ноќевање.
Втор ден: 01.01.2023 (недела)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор кој нуди забава за сите. Можете да се возите на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондола која го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. За време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Гондолата има една меѓустаница на Рибничкото Езеро каде на површина од 200 хектари е планиран развој на проектот Нов Златибор каде ќе се развива туризам од висока категорија. Со цел да ги задоволи интересите на посетителите од сите возрасти, од неодамна во Златибор е достапна најновата забавна содржина – Дино паркот лоциран во непосредна близина на хотелскиот комплекс, каде се поставени повеќе од 30 реплики на различни диносауруси. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта можете повторно да ја следите музичката програма на Кралскиот Плоштад. Ноќевање.
Трети ден: 02.01.2023 (понеделник)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 159 евра (9.860 денари)
(плаќање во денарска противвредност)

**За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
Последен рок за пријавување: 01. Декември 2022 година

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус
– Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Cigota“ 3*** во Златибор
– Користење на базенот во хотелот
– Посета на Врњачка Бања
– Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

– Користење на релакс центарот во хотелот
– Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за двете вечери)
– Туристичка такса – 1.50 евра по лице од ден (се плаќа во агенцијата)
– Патничко осигурување

Испратете ни го вашиот впечаток:

Početna
Hit ponude
Kontakt