Хотел All Seasons Club се наоѓа во мирен дел на Банско. На околу 1800м од центарот и 900м од ски-лифтот. Изграден е во 2008 година, а реновиран во 2012 година. Хотелот има многу добар сооднос цена-квалитет.
Hotel All seasons Club располага со неколку видови сместувачки единици. Меѓу нив препорачуваме:
– Стандардна соба има два стандардни или француски и дополнителен кревет (софа), бања со туш или када, балкон. Во собата имате кабловска телевизија, Wi-Fi, телефон, маса со 4 столици, чајник, мини бар. Површината на стандардна соба е околу 35м2.
– Студиото располага со два стандардни или француски кревети и дополнително легло (софа), чајна кујна, бања со туш или када, балкон. Во собата имате кабловска телевизија, Wi-Fi, телефон, маса со 4 столици, фрижидер, чајник, микробранова печка, тостер, мини бар. Површината на студиото е околу 55м2.
– Апартманите имаат спална соба со два стандардни или француски кревети и дневна со софа, чајна кујна, бања со туш или када и балкон. Во собата имате кабловска телевизија, Wi-Fi, телефон, маса со 4 столици, фрижидер, чајник, микробранова печка, тостер, мини бар. Површината на станот е околу 75м2.
– Дуплексот има две спални соби и дневна. Едниот има брачен кревет, а другиот има два стандардни кревети. Во дневната соба има софа, чајна кујна, бања со туш или када, балкон. Во собата имате кабловска телевизија, Wi-Fi, телефон, маса со 4 столици, фрижидер, чајник, микробранова печка, тостер, мини бар. Површината на дуплексот е околу 85м2.
Во цената е вклучено
користење на внатрешен базен, сауна, парна бања, бесплатен интернет, бесплатен паркинг на отворено (не е можна резервација), соби за скијачка опрема и организиран превоз до ски-лифт (според возен ред).