Одличен хотел кој се наоѓа на само 2 минути пешачење од скијачката патека Јастребец. Од центарот на Боровец е на околу 4 км. Се наоѓа во мирна област на Боровец и е опкружен со борова шума. Припаѓа на еден од поновите хотели во Бугарија. Се состои од главната зграда и анекс зградата и меѓусебно се поврзани со коридор. Гостите на анекс зградата можат слободно да ги користат капацитетите на главната зграда. Главната разлика помеѓу овие две згради е тоа што просториите во анекс зградата се со нешто послаб квалитет. До гондолата има бесплатен организиран превоз.
Наменет е за секого, за парови, семејства со деца, деловни луѓе, апсолутно за сите категории патници.
Хотелот располага со: лоби бар, рецепција, ресторан, тераса, парна бања, џакузи, сауна, базен, амам, фитнес центар, сала за релаксација, Интернет, паркинг со одреден број места, конференциска сала, детска игротека.
Кога станува збор за сместувачките единици на овој хотел, гостите можат да изберат од соби, студија и апартмани. Тие се состојат од одреден број кревети, содржат минибар, телефон, сеф, интернет, бања со туш или када и пространа балкон.
Standard Double Room – Стандардна двокреветна соба – се состои од француски кревет или два посебни единечни кревети. Може да прими две лица.
Studio – се состои од француски кревет и дополнителен кревет на извлекување. Може да прими 3 лица.
Апартман со една спална соба – се состои од спална соба со брачен кревет како и дневна соба со софа но која може да се протега за да прими вкупно 3 лица.
Аоартман со две спални соби – се состои од две спални соби со брачен кревет, како и дневна со софа кревет. Може да прими најмногу 5 лица.
Хотелската услуга е полупансион, хотелот има два ресторани кои служат национална и интернационална кујна.
Не се препорачува сместување на 3 возрасни и 1 дете во апартман со 1 спална соба и 5 возрасни и 1 дете во апартман со 2 спални. Детско креветче – бесплатно на барање и достапно.
Во цената е вклучено користење на внатрешен базен, џакузи, парна бања, фитнес сала, сеф, интернет, паркинг (ограничен број места, резервацијата не е возможна) и шатл-служба до ски-лифт.