Совршен хотел лоциран во самиот центар на Боровец, на исклучителна локација, на само 70 км од Софија. Рила се наоѓа во подножјето на ски-центарот и на 200 метри од жичарата. Од гондолата е оддалечена само 50 метри.
Хотелот се состои од 9 ката и располага со 489 сместувачки единици.
Архитектурата на хотелот е инспирирана од француското одморалиште Les Arcs. Хотелот Рила има уникатна алпска атмосфера.
Гостите можат да престојуваат во стандардни или двокреветни соби, супериорни или кралски соби, меѓусебно поврзани двокреветни/кралски соби, супериорни семејни соби и супериорни апартмани.
Standard Twin соба се состои од 2 стандардни и 1 дополнителен кревет, идеални за сместување на 2 возрасни и 1 дете.
Superior ili King соби, максимален капацитет за 2 возрасни и 1 дете. Тие се состојат од два посебни единечни кревети или француски кревет како и софа кревет.
Superior Interconnecting соби – две соби одделени со врата, составени од два посебни единечни кревети и француски кревет.
Супериорна семејна соба – идеална за сместување на 2 возрасни и 2 деца до 12 години. Се состои од француски кревет, софа и уште еден дополнителен кревет.
Супериорни апартмани – спалната соба е одвоена од дневната, во спалната има брачен кревет и софа, а во дневната софа на извлекување. Станот е погоден за 4 возрасни и дете до 12 години.
Сите соби и апартмани имаат централно греење, кабловска телевизија, телефон, бања со туш или када и фен. Сите соби и апартмани имаат пристап до балкон со поглед на боровата шума или планината.
Останатите содржини на располагање на гостите се: внатрешен базен, користење на парна бања, сауна, турска бања, теретана, WIFI во лобито, ски соба, отворен паркинг со ограничен капацитет, како и гаража која може да се користи со доплата на лице место, во зависност од достапноста на паркинг места. За деца има детски клуб за гости од 3 до 7 години, како и детска соба со маса за пинг понг, филмови, картички…
Кога станува збор за храна и други услуги, тука се и рестораните Seasons и Lea Arcs, a la carte ресторанот Samokovi Mezze & Grill, лоби барот Champions Bar & Dinner, панорамскиот бар The Terrace Lounge, кој нуди совршен поглед на скијачките патеки, ноќниот клуб After Eleven.
Услугата во хотелот е полупансион.