Интимно скривалиште на белиот песок на Доминиканската Република каде се будат сите сетила…
Локација: Хотел Eden Roc Cap Cana 5 * се наоѓа на околу 300 m од плажата, додека од аеродромот Пунта Кана е околу 20 минути.
Хотел: Располага со 65 луксузни сместувачки единици, од луксузен бутик, вили со приватни базени до елегантно дизајнирани апартмани лоцирани директно на плажа, како и четири неодамна претставени, шармантни океански вили, кои повторно нудат целосна приватност на секој гостин. Ова е едно од ретките летувалишта што нуди екстравагантни содржини како спа со целосна услуга, терен за голф во близина, приватен клуб на плажа, детски клуб со активности за најмладите, како и 5 различни светски кујни за сечиј гастрономски вкус. Хотелскиот ресорт е дизајниран и да негува атмосфера на релаксација, здрав живот и релаксација. Хотелот ги нуди следните ресторани и барови: Mediterraneo – ресторан за медитеранска кујна, Gastronomico – ресторан со интернационални јадења, La Palapa – ресторан со морски специјалитети, Blue Bar + Grill – ресторан за скара, Retro Bar Riva Bar и винарска визба La CavaUva Beach bar со разновидно мени на пијалоци и коктели
Соби:
Junior Suite Garden View: собите се со големина од околу 77 m2 и имаат поглед кон градината и базенот. Секоја соба има бања со посебен туш и посебен тоалет, фен, бањарка, ТВ, Ipod, телефон, бесплатен интернет, пегла, клима, мини бар, апарат за кафе/чај, сеф, надворешен туш и тераса со поглед во градината.
Junior Suite Lagoon View: собите се слични на Junior Suite Garden View, само што овие соби имаат поглед само на лагуната. Големината на собата е исто така околу 77 м2.
One Bedroom Suite Garden View: собите се со големина од околу 102 m2 и имаат посебна спална соба во споредба со Junior Suite View Garden.
One Bedroom Suite Lagoon View: собите се со големина од околу 102 м2 и се слични на Junior Suite Lagoon View со поглед на лагуната.
Beach Front Two Bedroom Suite: собите се со големина од околу 185 м2, имаат посебна спална соба и се многу попространи и полуксузни од One Bedroom Suite. Тие имаат поглед на океанот или плажата и се најексклузивните сместувачки единици.
Хотелот е познат и по својот уникатен терен за голф со 18 дупки дизајниран од американскиот играч на голф Џек Никлаус и се смета за еден од најдобрите терени за голф на Карибите. Теренот може да се користи со доплата.
Спа, спорт и велнес: Хотелот нуди можност за различни видови релаксација и тренинзи. Можно е да резервирате пакети кои вклучуваат спа третмани, тренинг по ваш избор како и план за исхрана во консултација со тренерот или водич низ спа програмата.
Активности: Спа третмани, разни видови масажи, ревитализација на телото, напредни вежби, релаксирачки вежби, часови по јога покрај море, часови по танц, школи за готвење, возење велосипед, тренинзи во теретани и слично.