Хотелот Бајкал, класифициран како 3*, се наоѓа во централниот дел на Сунчев Брег, на 150 метри од широката песочна плажа и на околу 5 минути лесно пешачење од центарот на ова познато туристичко место.
Самиот хотел се состои од 3 објекти, односно згради, од различни катови и е реновиран во 2018 година.
Располага со 278 соби и студија и 20 апартмани. Стандардните соби се наменети за 2 возрасни лица со можност за додавање трет дополнителен кревет и вклучуваат: ТВ, фрижидер, телефон, клима уред, тоалет, фен, балкон.
Супериорните соби се поудобни од стандардните поголеми, а содржината и опремата се исти како и во стандардните соби, со големина од околу 27 метри квадратни и со тераса.
Собите можат да имаат поглед на море, градина или базен, во зависност од локацијата.
Неговиот состав вклучува: одличен ресторан со бугарска, европска и медитеранска кујна каде храната е многу добра, има и лоби бар и бар покрај базенот, нуди широка програма за анимација за деца 6 дена во неделата како и за возрасни, детско игралиште, базен, детски базен со лизгалка, рецепција, паркинг, wifi, менувачница, мини голф, детски клуб.
Големиот Аквапарк е на само 4 километри од овој хотел, а аеродромот во Бургас е оддалечен околу 25 километри.