Локација:
Хотел Оливера се наоѓа во централниот дел на Саримсакли, лоциран на првата линија до морето, на шеталиштето до плажата, што го прави еден од најдобро позиционираните хотели во Саримсакли.
Содржина на хотелот:
Рецепција, главен ресторан со отворен и затворен дел, надворешен базен за деца и возрасни, лоби бар, бар покрај базен, Caffe Olivera, сеф на рецепција, пинг-понг, одбојка на плажа, wi-fi интернет во лобито на хотелот за бесплатно Достапни се и дополнителни услуги за перење, спортови на вода, часови за нуркање и изнајмување автомобили.
Плажа:
Приватна песочна плажа преку улица, лежалки и чадори се бесплатни за користење.
Хотелска услуга:
Хотелската услуга е полупансион. Хотелот располага со главен ресторан, каде појадокот и вечерата се служат на шведска маса.
Содржина и типови на соби:
Хотелот располага со околу 90 сместувачки единици, сите соби имаат ТВ, клима, фен, тепих или плочки. Стандардните 1/2 соби со површина од 20 m², содржат 1 брачен кревет, можат да имаат поглед на море, имаат тераса. Стандардна 1/3 од површината 30 m², содржи 1 брачен кревет и 1 единечен кревет, има поглед на копното и нема тераса.
Напомена:
Хотелот има право да го промени концептот без претходна најава, за што не е одговорен тур-операторот.