Хотелот Achillion Palace се наоѓа во центарот на Ретимно, на само 10 минути пешачење од Стариот град, каде што тесните улички со атрактивни продавници за сувенири, ресторани и кафулиња можат да ве одведат до тврдината Фортеза или до Венецијанското пристаниште. Хотелот е на околу 250 метри од морето, каде што започнуваат првите редови со лежалки и чадори на плажата.
Плажата е песочна, лежалките и чадори за сонце се дополнителни. Од аеродромот во Ираклион е оддалечен 74 километри, додека од аеродромот во Ханија е оддалечен околу 62 километри.
Хотелски капацитети: рецепција, wi-fi на јавни површини, надворешен базен со снек бар на покривот на хотелот, со лежалки и чадори само за возрасни, тераса за сончање, градина, лифт, ТВ соба, менза, фризер/салон за убавина.
Соби: Сите стандардни соби во хотелот имаат: телефон, сеф (се доплаќа), клима уред, сателитска ТВ, WI-FI интернет, мини фрижидер, бања, фен, балкон или тераса.