Хотелот се наоѓа преку плажата (преминувајќи ја улицата) во мирен дел на Ретимно. Песочната плажа е долга 12 километри, со кристално чиста вода и е наградена со сино знаме. Оддалечен е околу 1,5 км од стариот град Ретимно, околу 72 км од аеродромот во Ханија и околу 80 км од аеродромот во Ираклион. Хотелот е на листата на 25 најдобри хотели во Грција.
Хотелски капацитети: Atlantis Beach Hotel ги нуди следните содржини: надворешен базен, детски базен, интернет катче, детско игралиште, лоби бар, бар покрај базен, конференциска сала, спа со сауна и фитнес, спортски активности, анимација, забавни вечери, билијард, пинг-понг , ресторан Кносос, ресторан покрај базен, услуга за изнајмување автомобили.
Содржина и типови на соби: Хотелот располага со 20 соби во главната зграда и 70 соби во бунгалови, кои се групирани околу главната зграда. Гостите имаат пристап до соби со поглед на море, поглед на базен и поглед на градина. Сите соби се пространи, удобни и опремени во модерен стил. Секоја соба има балкон, бања со када или туш, фен, телефон, Wi-Fi интернет, сателитска ТВ, мини фрижидер и клима уред. Сите двокреветни соби имаат два единечни или брачен кревет и фотелја или тросед кој може да се користи како кревет за едно или 2 лица.
Услуга: Услугата во хотелот е ноќевање со појадок или полупансион (појадок и вечера), по принцип на самопослужување.
Хотелот го препорачуваме на секој што сака луксузен хотел со феноменална локација на прекрасното шеталиште Ретимно..