Хотел Браскос 3* се наоѓа во центарот на Ретимно, на само 50 м од влезот во „Стариот град“ и 400 м од познатото „Венецијанско пристаниште“. Од аеродромот во Ираклион е на околу 82 километри. Хотелот е добро лоциран, блиску до главните знаменитости на градот, додека главната широка песочна плажа Ретимна е оддалечена околу 800 метри.
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, бар на покривот со прекрасен поглед на градот, лифт, мал надворешен базен пред ресторан, бесплатен Wifi е во лобито на хотелот. Пред хотелот има главен градски паркинг за кој се плаќа 5 евра дневно. Гостите имаат на располагање за последниот ден од престојот соблекувална како и складиште на работи.
Соби: Хотелот располага со стандардни двокреветни и трокреветни соби кои имаат: бања, клима (бесплатно), сателитска ТВ, мини фрижидер, телефон, фен.
Услуга: Хотелската услуга е полупансион (појадок и вечера).
Овој градски хотел е познат и многу баран на нашиот пазар поради неговата пријатна атмосфера, пријателскиот персонал и квалитетната услуга. Поради одличната локација, хотелот го препорачуваме на парови, и на сите оние кои сакаат да се позиционираат во центарот на сите настани во Ретимно.