Creta Maris Beach Resort е луксузен комплекс кој се наоѓа на периферијата на Херсонисос. Се наоѓа на плажата која е претежно песочна и на 24 километри од аеродромот. Се состои од две згради и има 680 соби. Ова е место каде што гостите чувствуваат автентична критска добрина.
Хотелски sodr\ini: 4 ресторани, 2 снек барови и неколку барови за пиење, 3 базени, внатрешен базен, детски базен, тобогани, спа, теретана, паркинг, интернет катче, златарница, мини маркет, фризер, менувачница, перална, автомобил изнајмување, кино на отворено, диско, детско игралиште и мини диско, пинг-понг, билијард, мини голф и други спортски објекти. Во мај 2019 година во рамките на хотелскиот комплекс беше отворен нов аквапарк – тобогани, базен со водна кула за деца, детски водопади, воден вулкан и прскалки.
Содржини и типови на соби: клима, ТВ/САТ, Wi-Fi, телефон, бања со туш или када, фен, пегла, балкон или тераса, мини бар… Хотелот нуди луксузни соби (27-30 м2) со море, поглед на планина или базен. Семејната соба со отворен план се 33м2, додека фамилијарната една спална соба, големина 38-73м2 и се состои од две соби..