Хотелот Дедалос Бич се наоѓа во Сфакаки, кој е на околу 10 километри од центарот на Ретимно. Хотелот е поврзан со центарот на Ретимно со јавен превоз, кој работи на секои половина час во текот на сезоната. Овој мал, но убав хотел се наоѓа на песочна плажа и е опкружен со уредени тревници и цвеќиња.
Хотелски капацитети: рецепција, ресторан, таверна, бар, интернет, базен, паркинг, ТВ соба.
Соби: Хотелот располага со стандардни соби и сите соби имаат клима (се доплаќа на лице место), сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер, бања, фен, сеф (се доплаќа на лице место), балкон или тераса.
Услуга: Хотелската услуга е полупансион (појадок и вечера).
Хотелот е препорака за сите кои сакаат помирен одмор, во хотел на брегот кој е добро поврзан со центарот на Ретимно.