Хотелот Ери Бич се наоѓа во близина на Херсонисос и на околу 25 километри од Ираклион и меѓународниот аеродром. Хотелот Ери Бич се наоѓа веднаш на самиот брег. Херсонисос и Ираклион се достапни со автобус, редовен автобуски превоз. Најблиската автобуска станица е на само 50 метри од хотелот.
Хотелски содржини: рецепција, паркинг, три базени (2 со море и 1 со свежа вода), 2 детски базени со морска вода, детски клуб (од 4 до 12 години), детско игралиште, 2 барови, бар на плажа, интернет катче се доплаќа), безжичен интернет (без доплата на рецепција), игралишта за одбојка и тенис на плажа (без доплата), маса за билијард (се доплаќа), разни видови на анимација и мал воден парк. Лежалките и чадорите на базен се бесплатни, додека на плажа се доплаќа околу 6 евра по комплет (две лежалки и чадор).
Содржина и типови на соби: секоја соба нуди клима (за одреден период бесплатно), сателитска ТВ, телефон, мал фрижидер, балкон или тераса и бања со фен. Хотелот има 700 соби и нуди стандардни соби за 2-3 лица (околу 22 м2, двокреветни или 2 единечни кревети и софа) и четворокреветни соби за 2-4 лица (околу 26 м2, брачен кревет и кревети на спрат).
Услуга: Основната услуга во хотелот е All Inclusive.
(постои можност за промена на работното време според хотелската политика)
Оброци (ресторан, шведска маса) Грчка и интернационална кујна:
Појадок: 07:30 до 10:00 часот
Ручек: 12:15-14:00 часот
Вечера: 18:30 до 21:00 часот
Шведска маса – самопослужување, избор на повеќе јадења.
Барови: Тропски бар од 10:00 од 22:00 часот безалкохолни пијалоци, сок, пиво, локално вино, узо, ракија, кафе, чај. Време на кафе 16:00 – 17:30 часот, лоби бар 18:00h – 22:00h, сок, кафе, чај.Ве молиме имајте предвид дека хотелот Ери Бич не дозволува домашни миленици и не е прилагоден за гости со посебни потреби.