Glaros Beach Hotel се наоѓа во Херсонисос, на само 50 метри од песочната плажа и центарот на градот со многуте продавници, клубови, ресторани, барови и таверни. Автобуската станица е на 100 метри од хотелот и околу 27 км од аеродромот.
Хотелски капацитети: Хотелот располага со 24-часовна рецепција, ресторан, Wi Fi интернет на јавни површини (се доплаќа), секојдневно чистење, паркинг простор. Хотелот располага со бар, лоби, ТВ салон, како и соби за состаноци и a la carte ресторан кој нуди разновидни грчки, критски и интернационални јадења, услуга за масажа (се доплаќа). Хотелот има свој дел од плажата со бар на плажа каде чадори за сонце и лежалки дополнително се наплаќаат. Опкружен е со градина и има базен, како и шезлонги и чадори за сонце покрај базенот. Крпи за плажа и базен се достапни на депозит.
Капацитети и типови на соби: Има двокреветни како и супериорни соби – погодни за најмногу три лица. Собите имаат балкон или тераса, бања со фен, пристап до интернет (се доплаќа, околу 3 € на ден), фрижидер, сеф (се доплаќа, околу 2 € на ден), телефон, клима уред, сателитска ТВ и бебешко креветче (се доплаќа наплата) .
Услуга: Услугата во хотелот е полупансион, принцип на самопослужување – шведска маса.
Хотелот им нуди на гостите многу убав амбиент, исклучителна локација, па често го избираат семејствата, но и младите кои сакаат да бидат во центарот на сите настани во Херсонисос.