Хотелот Horizon Beach се наоѓа на морскиот брег, на рид, на 350 метри од плажата во живописното село Сталида, 3 км од Херсонисос и 5 км од Малија. Хотелот се состои од главна зграда и неколку дополнителни згради од типот на бунгалов. Хотелот располага со 250 соби.
Хотелски капацитети: хотелот на своите гости им нуди бар, два базени, детски базен, снек бар покрај базен, Спа, сеф, продавница за сувенири, бесплатен Wi-Fi интернет, игралиште за деца, паркинг.
Содржина и типови на соби: Хотелот располага со стандардни и семејни соби кои имаат: клима, сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер, бања, балкон или тераса. Семејните соби имаат кујна. Сите соби имаат поглед на море или градина. Wi-Fi во собите се доплаќа. Сеф – доплата.
Услуга: All Inclusive – all inclusive појадок, ручек и вечера – самопослужување (избор од повеќе јадења), ужина, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Поради својата локација и содржина, хотелот го препорачуваме и на младите и на семејствата за незаборавен одмор на Крит.