Хотел Iro се наоѓа на главната улица на Херсонисос, блиску до продавници, кафулиња, продавници за сувенири и ресторани. Од аеродромот во Ираклион е на 27 километри. Хотелот е на 150 метри од плажа и околу 500 метри од центарот.
Хотелски содржини: Хотелот е опремен со рецепција, лифт, ТВ катче, бар, ресторан, надворешен базен со шезлонги и чадори за сонце, бар покрај базен, бесплатен Wi-Fi во лобито на хотелот, сеф на рецепција (се доплаќа).
Капацитети и типови на соби: Овој шармантен хотел има три ката и само 53 соби опремени во традиционален стил. Хотелот располага со двокреветни соби погодни за најмногу три лица. Сите соби се со балкон/тераса, клима (се доплаќа), сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер (се доплаќа), фен и пегла (на барање – бесплатно), бања, Wi Fi (се доплаќа во собите).
Услуга: Основна услуга во хотелот е ноќевање со појадок, со можност за доплата на полупансион (шведска маса – самопослужување). Поради својата локација, првенствено го препорачуваме хотелот на помладите патници кои сакаат да бидат во центарот на сите настани во Херсонисос. Хотелот не е достапен за гости со посебни потреби и не дозволува домашни миленици.