Kriti Beach е хотел со 5 * ѕвезди кој се наоѓа во Ретимно. Се наоѓа на шеталиштето, веднаш спроти широката песочна плажа Ретимна која има сино знаме за квалитет. Хотелот се наоѓа на влезот во стариот град, на 200 м од центарот на градот. Има сопствена приватна плажа, каде чадори за сонце и лежалки се бесплатни.
Хотелски капацитети: Рецепција 0-24h, лоби, бесплатна интернет конекција во лоби, лоби бар, главен ресторан, кафуле, a la carte ресторан, интернет катче, продавница за сувенири, надворешен базен, Wi-Fi, СПА центар, внатрешен базен, сауна , фитнес центар, теретана, паркинг, конференциска сала, крпи за плажа.
Содржини и типови на соби: Хотелот располага со 92 соби, сите опремени со балкон или тераса, индивидуално климатизирани, телефон со директна линија, сателитска ТВ и радио, Wi-Fi, сеф и мини фрижидер, бањарки, влечки и чајник.
Услуга: Основната услуга во хотелот е полупансион – појадок и вечера. Постои можност за доплата за полн пансион.
Го препорачуваме хотелот на секој кој сака хотел со идеална локација за мирен и релаксирачки одмор на островот Крит, и на дофат на сите многубројни капацитети што ги нуди стариот град Ретимно.