Хотелот Kyma Suites Beach се наоѓа во Ретимно, во поширокиот центар на градот, а на патот до песочната градска плажа има шеталиште и улица. Хотелот е на 80 километри од аеродромот во Ираклион. Во непосредна близина се наоѓаат бројни продавници, таверни, барови и ресторани, како и старото пристаниште, музеите и бројните историски споменици, што ја прави локацијата на хотелот идеална за престој во Ретимно.
Хотелски капацитети: Рецепција, ресторан, a` la carte ресторан – се доплаќа, лоби со бар, два базени (еден внатрешен), бар покрај базен, снек бар, фитнес центар, теретана, сауна, масажа, бесплатен Wi-Fi, услуга за перење , крпи за плажа и базен, изнајмување велосипеди.
Содржина и типови на соби: Сите соби имаат клима, сателитска ТВ, телефон, сеф, Wi-Fi интернет, мини фрижидер, фен, бања, балкон или тераса.
Услуга: Полупансион – појадок и вечера (самопослужување, избор на повеќе јадења). Можност за доплата за полн пансион.
Го препорачуваме хотелот на секој кој сака луксузен одмор во хотел лоциран на прекрасно шеталиште, на дофат на сите капацитети што ги нуди неверојатниот стар град Ретимно.