Хотел Magda 4 * е семеен хотел кој се наоѓа на околу 80 метри од песочната плажа во Гувес. Идеално е лоциран за обиколка на островот, 15 км од главниот град Ираклион, 14 км од аеродромот, 6 км од Херсонисос.
Хотелски капацитети: рецепција, бар, снек бар, ТВ сала, конференциска сала (до 100 седишта), супермаркет, продавница за сувенири, паркинг, детско игралиште, детски клуб, 2 надворешни базени, од кои едниот има детски дел, внатрешен базен, фитнес, сауна, џакузи, тениски терени, терени за кошарка, мини голф, анимации.
Соби: Хотелот располага со 120 соби распоредени на 5 згради, на два ката. Сите соби имаат SAT/TV, телефон, клима, фен, радио, сеф (се доплаќа), фрижидер (се доплаќа), балкон/тераса, Wifi кој е бесплатен.
Услуга: All Inclusive (all inclusive – појадок, ручек, вечера – шведска маса – самопослужување, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, ужина).
Поради локацијата и содржината, хотелот им го препорачуваме на семејствата за незаборавен одмор на Крит.