Хотел Maravel Land е идеално позициониран за сите оние кои сакаат мирен и пријатен престој на Крит. Се наоѓа во Аделанос Кампос, на само 7 километри од центарот на Ретимно, додека плажата е оддалечена 70 метри. Автобуската станица е на 20 метри од хотелот. Хотелот е целосно реновиран во 2009 година.
Хотелски капацитети: Рецепција, ресторан, 2 барови, 2 базени со лежалки и чадори (на плажа со доплата), интернет, мини маркет и паркинг, тениско игралиште, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, тематски вечери, мини голф во близина, спортови на вода. Детски базен и игралиште се достапни за деца.
Соби и типови: Хотелот располага со стандардни и семејни соби. Сите соби имаат бања, фен, клима, ТВ, телефон, сеф, фрижидер и балкон или тераса.
Услуга: Полупансион, полн пансион или All Inclusive.
Хотелот е наша препорака за семејства поради близината на плажата како и за парови поради близината и добрите врски со градот Ретимно.