Овој шармантен хотел се наоѓа во предградијата на Ретимно, Египет, на само 4 километри од Ретимно. Од долгата песочна плажа е оддалечено 300 m. Автобуската станица е недалеку од хотелот, па гостите можат да го користат јавниот превоз до центарот на градот за само десет минути. Хотелот е реновиран за сезоната 2018. Од аеродромот Хераклион е околу 78 км и од аеродромот Ханија 64 км.
Хотелски содржини: Хотелот располага со рецепција, главен ресторан, лоби бар, лифт, базен (лежалките и чадорите околу базенот се бесплатни), бар покрај базенот, детски базен, детско игралиште, такси услуга, соба за складирање на последниот ден од престојот. . Во барот покрај базенот има и ресторан кој служи лесни оброци, разни салати и тука гостите можат да се одморат од пливање и сончање. Wi-Fi е бесплатен во фоајето како и во сите соби.
Содржина и типови на соби: Гостите имаат на располагање модерни стандардни соби (погодни за до три лица) опремени со: клима уред, балкон, бања со када или туш, фен, фрижидер, мини бар, сателитска ТВ, телефон.
Услуга: Основна услуга во хотелот е полупансион (појадок и вечера, самопослужување – шведска маса), можност за доплата за All Inclusive услуга.