Minos хотел 4* се наоѓа на 100m 0d песочна плажа Ретимна, која е носител на синото знаме, а од центарот и стариот град на околу 20 минути пешачење. Во непосредна близина на хотелот, како и покрај плажата има бројни кафулиња, таверни, продавници, продавници за сувенири.
Хотелски содржини: Хотелот располага со два базени, бар до поголемиот базен, со бесплатни лежалки и чадори, анимација за деца, тематски ноќи, тенис, пинг-понг, билијард, изнајмување велосипеди. Бесплатен паркинг е достапен пред и зад хотелот, а на 30 метри од хотелот има автобуска станица. Веднаш до хотелот има продавница и голем супермаркет на патот до плажата. Крпите се чистат и менуваат секој ден, а хотелот нуди услуги за перење и пеглање. Обезбедени се тоалети, тушеви и просторија за складирање на последниот ден од престојот.
Содржина и типови на соби: Хотелот нуди стандардни и супериорни соби погодни за две до три лица, со поглед на базен или двор. Сите соби имаат тераса, бесплатна клима, фен, сателитска ТВ, мини фрижидер, интернет, апарат за кафе и чај, капути и влечки. Достапни се минибар и сеф со доплата, како и крпи за плажа, кои можете да ги набавите со депозит на рецепција. Собите се делумно реновирани за сезоната 2018.
Услуга: Основна услуга е ноќевање со појадок, со можност за доплата на полупансион. Услугата е на база на шведска маса, со избор на повеќе јадења. Менито вклучува различни локални и меѓународни специјалитети, како и вегетаријанско јадење.Минос е одличен избор за семејства со деца и парови, а со својата околина, пријателските домаќини и локација, ќе го направи вашиот одмор што е можно поубав и пријатен, до тој степен што ќе сакате повторно да дојдете на Крит и да бидете гости на овој хотел.