Овој фантастичен хотел Minos Mare Royal се наоѓа веднаш на песочната плажа во предградието на Ретимно, во Платанес, на само 4 километри од Ретимно. Платанес е летно одморалиште познато по својата прекрасна песочна плажа со ситен, ситен песок, како и по многуте хотелски комплекси кои се наоѓаат таму. Платанес ги има сите туристички капацитети: голем број продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани. Целиот комплекс се состои од два хотели Минос Маре и Минос Маре Ројал.
Хотелски содржини: хотел располага со рецепција, ресторан, лифт, игралиште, интернет катче, мини маркет, Спа, базен со хидромасажа, детски базен, бар покрај базен, златарница, одбојкарско игралиште, разни програми за анимација, паркинг, пинг-понг, објекти за инвалиди, перална, Wi Fi интернет. Складирањето на багажот е достапно за гостите последниот ден.
Капацитети и типови на соби: Нудиме двокреветни соби со поглед на базен, двокреветни луксузни соби и извршни апартмани со поглед на море. Сите соби имаат клима, телефон, балкон, сеф (бесплатно), LCD сателитска ТВ, ДВД плеер, бесплатен Wi-Fi, CD / MP3 / радио, мини-бар, апарат за кафе / чај, фрижидер, фен, бања со туш или када, влечки, бањарка.
Услуга: Хотелската услуга се базира на полупансион (појадок и вечера – шведска маса, самопослужување). Овој елегантен објект е достапен за секој кој сака исклучително луксузен хотел веднаш на морскиот брег.