Хотел Nefeli се наоѓа во Платанијас, на само 5 километри од Ретимно, со редовен градски автобуски превоз. Последен пат е реновиран во 2017 година. Од аеродромот во Ираклион е на околу 75 километри.
Хотелот се наоѓа во центарот на Платанијас, така што можете да најдете супермаркети и други трговски продавници, кафулиња, ресторани, барови и ноќни клубови, банкомат, јавен автобус до градот на секои 20 минути, автобуски линии до Ханија или Ираклион, како и до јужен Крит и други дестинации Хотелот е на 200 метри од песочната плажа.
Хотелски капацитети: Рецепција, ресторан, базен со детски дел, фитнес, велнес центар, бар покрај базен, бесплатен Wi-Fi, бесплатен паркинг, сателитска ТВ, пешкири за плажа, детско игралиште, СПА центар со теретана, сауна, амам, џакузи, масажа , маникир, педикир, фризерски салон.
Соби и типови: Хотелот располага со стандардни, супериорни и семејни соби. Сите соби се опремени со балкон или тераса, бања, клима, директен телефон, сеф, фен, фрижидер, сателитска ТВ, интернет конекција.
Услуга: Услугата во хотелот е полупансион (појадок и вечера) – отворени бифеи – самопослужување. За време на вечерата задолжително се почитува кодексот на облекување (дрес код).