Olympic Palladium е убав хотел со пријатна атмосфера што ја чувствува секој гостин, сместен во центарот на Ретимно. Хотелот е на 250 m од стариот дел на градот, 400 m од венецијанското пристаниште. До долгата песочна плажа се стигнува низ живописните градски улици, веднаш до продавниците за сувенири со 7-8 минути пешачење. Морето е оддалечено од хотелот 400 m, а до уредениот дел од плажата со лежалки и чадори се уште 300 m покрај морето.
Хотелски содржини: Хотелот има 5 ката и 75 соби. Има рецепција која работи 24 часа, лифт, менувачница, ресторан, главен бар, кафетерија, мал надворешен базен, бар на покривот со седење, конференциска сала, лифт, теретана.
Капацитети и типови на соби: Хотелот располага со модерни стандардни соби (погодни за до три лица) опремени со бања со туш/када, фен, балкон, бесплатна клима, фрижидер, електронски сеф (се доплаќа), сателитска ТВ, телефон, бесплатна интернет конекција. Складирањето багаж е достапен за гостите на последниот ден од нивниот престој. Хотелот нема сопствен паркинг, но во близина има јавен градски паркинг кој се плаќа 5 € на ден.
Услуга: Главна услуга во хотелот е ноќевање со појадок (отворен шведска маса – самопослужување), со можност за доплата на полупансион.
Ова е навистина убав градски хотел, совршено позициониран со квалитетна услуга и пријателски персонал. Поради топлиот и пријатен амбиент е идеален за парови, но и за семејства.