Хотел Pela Maria е еден од најпопуларните хотели со 3 * во регионот на Ираклион. Се наоѓа во центарот на Херсонисос, на околу 50 метри од плажата и 27 километри од аеродромот во Ираклион.
Хотелски капацитети: Хотелот располага со рецепција, лифт, надворешен базен, бар покрај базен, бесплатни лежалки и чадори покрај базен, билијард – се доплаќа, ресторан, бесплатен Wi-Fi на рецепција, бар, складирање на багаж на последниот ден од престојот.
Содржина и типови на соби: Хотелот нуди стандардни соби и стандардни соби со поглед на море – погодни за најмногу три лица. Секоја соба има клима (се доплаќа), телефон, музички канали, сеф (се доплаќа), мини фрижидер (се доплаќа), бесплатен Wi-Fi, ТВ, бања, балкон или тераса. Постелнината се менува два пати неделно, додека крпите се менуваат три пати неделно.
Услуга: Услугата во хотелот е полупансион (појадок и вечера), со можност за доплата за All Inclusive („all inclusive“) појадок, ручек и вечера (шведска маса – самопослужување), ужина, домашна алкохолна и не -алкохолни пијалоци по хотелски правила.
Ова е удобен мал хотел, погоден за All Inclusive услуга за семејства, но и за млади луѓе кои сакаат добро позициониран хотел во Херонисос.