Хотел Zantina Beach 2 * се наоѓа на само 2 км од центарот на Ретимно. Оддалечено е околу 50 метри од песочната градска плажа (премин преку улица) и околу 15-20 минути лесно пешачење до центарот на градот. Од аеродромот во Ираклион е на околу 80 километри.
Хотелски капацитети: рецепција, мал ресторан за појадок, бар, wi-fi достапен на јавни површини;
Капацитети и типови на соби: Хотелот располага со 21 сместувачка единица. Студијата се од 16-19 м2, за 2 до 3 лица и имаат поглед на градина или поглед на море. Собите со поглед на градина се предвидени за 2 лица и имаат брачен кревет или два единечни кревети додека оние со поглед на море се за 3 лица, имаат дополнителен софа кревет.
Апартманите се со површина од околу 28 метри квадратни и се погодни за 2 до 4 лица. Тие се состојат од дневна соба со софа кревет или софа и спална соба со брачен или двоен кревет. Сите сместувачки единици имаат клима, доплата, ТВ, телефон, мини фрижидер, бања, балкон и кујна.
Услуга: Основната услуга на хотелот е ноќевање со појадок.
Ве молиме имајте предвид дека хотелот не е достапен за гости со посебни потреби и не прифаќа гости со домашни миленици.