Локација: Thassos Grand Resort овој фантастичен хотел се наоѓа на островот Тасос во областа Агиос Јоанис и на околу 19 км од главниот град Лименаса.Хотелот излегува на приватна плажа со песок и камчиња каде лежалките и чадорите за сонце се бесплатни за гостите од хотелот. Пешкирите за на плажа се бесплатни.
Содржини: Хотелот располага со рецепција, паркинг, базен со свежа вода за возрасни и детски базен, wi fi интернет на јавни површини, спа со доплата (Asteria Spa & Wellness амам, сауна, солена соба, џакузи, третмани за убавина за нега на лице и тело, хидротерапија, масажа и сл.), објекти за деца како игралишта и анимација, одбојка на плажа, спортови на вода со доплата, бар, таверна, бар покрај базен, ресторан.
Сместување: Хотелот располага со 173 соби кои вклучуваат: централна клима, LCD телевизор, wi fi интернет, мини фрижидер/мини бар со доплата, сет за кафе и чај, тоалет (када и туш кабина), фен за коса, бањарка и папучи за гостите , избор на перници, удобни душеци, балкон или тераса.
- Double GV (поглед кон градината) – имаат француски кревет.
- Double SV (поглед на море) – има француски кревет или два одвоени кревети.
- Double Beach Front – имаат француски кревет или два одвоени кревети и се наоѓаат на првата линија од морето.
- Suite Family SV (поглед на море) – елегантно уредени соби со поглед на море. Имаат дневна соба и спална соба.
- Apartments 2-Bedrooms VIP (~ 100 м2) – Салон со тапациран мебел, кујна, гостински тоалет, во секоја соба француски кревет и тоалет, џакузи на тераса.
- Villa Calliope (~ 100 м2) – На долното ниво има дневна соба со софа и тоалет, спална соба со француски кревет и тоалет, приватен базен. На второто ниво има дневна соба со софа, спална соба со француски кревет и тоалет.
- Villa Clio (~ 120 м2) – На две нивоа. Три спални соби со француски кревети. На долното ниво има дневна соба со тапациран мебел, кујна, спална соба со француски кревет и тоалет, приватен базен. На горното ниво има 2 спални соби, 2 тоалета.
Тип на дополнителен кревет – софа / фотеља / кревет на преклоп.
Услуга: All Inclusive
Аll inclusive концепт за сезоната 2020. Програмата важи од 07:00-23:00 часот
- Појадок (шведска маса во главниот ресторан) 07:00–10:00 часот
- Ручек (поставено мени во таверната) 13:30-15:00 часот
- Вечера (шведска маса во главниот ресторан) 19:00-21:30 часот
- Закуски и десерти 11.30-12.30 и 16.00-17.00 часот (во лоби бар)
- Баровите обезбедуваат пијалоци за време на работното време.
- Пијалоци на специјално All Inclusive мени во баровите и рестораните до 23:00 часот. На гости алкохоличари не им се служат пијалоци.
- Вклучени пијалоци: Кафе, Нескафе, грчко кафе, чај (не се вклучени – капучино и еспресо). Лесни пијалоци и сокови (освен свежо исцедено), локално точено пиво, црвено и бело вино, локални алкохолни пијалоци, коктели (a la carte).
Напомена: Не е дозволено земање храна и пијалоци од ресторани и барови.
Во хотелите кои нудат услуга на база шведска маса – самопослужување, избор на повеќе јадења, хотелското правило е дека поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, сезонски или вонсезонски, се служи мени наместо шведска маса, што не влијае на квалитетот на дадената услуга.
Хотелот го задржува правото да направи одредени промени во програмата без претходна најава.
Домашни миленици не се дозволени.
Придобивки за лицата со посебни потреби.