Локација: Се наоѓа на околу 2 км од центарот на Кушадаси и на 500 метри од приватниот дел на плажата на плажата Лејдис. Шатл-автобус до плажата е достапен за гостите неколку пати на ден. Се препорачува за семеен одмор поради капацитетите во хотелот. Хотелот е целосно реновиран во 2018 година.
Содржина на хотелот: Ресторан кој служи интернационална кујна, лоби, рецепција. Дополнителните капацитети на хотелот вклучуваат бар, отворен базен со детски дел, лизгалка, внатрешен базен, мини клуб за деца од 4-12 години, турска бања, билијард, пинг понг, тениско игралиште, фризерски салон , телефон. Се доплаќа: Турска бања, масажи и третмани, тениско игралиште, билијард, фризерски салон и се останато надвор од концептот. Wi-Fi интернетот е бесплатен во лобито на хотелот.
Хотелска услуга: Услугата во хотелот е All Inclusive – појадок, ручек, ужина и вечера, полноќна чорба, самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса), локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Дополнително се плаќаат сите флаширани пијалоци, свежо цедени овошни сокови, турско кафе, сладолед и се останато надвор од концептот.
Плажа: Ladies Beach е оддалечена околу 500 m од градската плажа. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни. Има хотелски шатл-автобус кој ги носи гостите на хотелот до плажата неколку пати.
Содржина и типови на соби: Хотелот располага со вкупно 156 соби. Сите соби имаат бања со туш кабина, фен, телефон, сеф (се доплаќа), мини бар (се доплаќа), котел, САТ ТВ, клима и балкон.
- Стандардни соби (француски или два посебни кревети плус софа или фотелја);
- Стандардни соби со кревети на спрат (малку поголеми од стандардните соби);
- Семејни соби – две поврзани стандардни соби.
Забелешка: Хотелот има право да го промени концептот all inclusive без претходна најава, за што организаторот на патувањето не е одговорен.