Локација:
Хотел Мушо 4* се наоѓа на самиот влез во Саримсакли, на околу 800 метри од центарот на одморалиштето. Изграден е во 2016 година на површина од 10.000 м2. Има долга и песочна плажа, како и чисто море, што нуди можност за луксузен одмор на своите гости.
Содржина на хотелот:
Услугата на хотелот е All Inclusive, самопослужување – избор од повеќе јадења по принцип на отворено бифе за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, вечера, диетално и детско мени, бар покрај базен, внатрешен базен, отворени базени за возрасни и деца, спа центар, фитнес центар, паркинг. Wi-Fi е достапен низ целиот хотел и е бесплатен за користење. Се доплаќа: турско кафе, цедено овошје, флаширани пијалоци и сите увезени пијалоци, перење и пеглање, крпи за плажа, спа услуги (масажи, третмани и сл.).
Плажа:
Хотелот се наоѓа на приватна песочна плажа, каде лежалките и чадорите се бесплатни за гостите на хотелот. На плажата има бар каде што се достапни лежалки и комплети за плажа кои со доплаќаат.
Содржина и типови на соби:
Хотелот располага со 164 сместувачки единици, модерни и луксузно опремени. Собите имаат француски балкон/балкон, туш кабина, LCD телевизор, тепих, сателитски канали, фен, клима уред, телефон, мини бар (се доплаќа), огледало за шминкање, сеф (бесплатно). Wi-Fi во собите е исто така бесплатен за користење.
- Стандардни соби – 25м2, една соба со брачен или два посебни кревети.
- Семејни соби – 40м2, две соби одделени со врати, едно купатило.
Забелешка:
Хотелот има право да го промени концептот без претходна најава, за што не е одговорен тур-операторот.