Локација:
Хотелот Варол се наоѓа спроти приватната плажа, на 800м од центарот на Саримсакли.
Содржина на хотелот:
Хотелот располага со 24-часовна рецепција, паркинг, лифт, уреден двор за седење, ресторан, бар, игралиште за деца, room servis. Wi-Fi е бесплатен за користење во лобито на хотелот.
Плажа:
Широка и убаво уредена песочна плажа, со лежалки и чадори, кои им се достапни на гостите без доплата.
Хотелска услуга:
Услугата во хотелот е полупансион. Хотелот располага со главен ресторан, каде појадокот и вечерата се служат на шведска маса.
Содржина и типови на соби:
Хотелот располага со 75 соби со максимален капацитет од 3 возрасни и едно дете. Собите имаат гардеробер, ТВ, балкон/тераса, мрежи против комарци, бања со када/туш, фен, клима, Wi-Fi (се доплаќа). Во некои соби има и тросед каде што можат да спијат деца до 10 години.
СИТЕ ПИЈАЛАЦИ И ВОДА ФЛАШИРАНА СЕ НАПЛАЌААТ.
Забелешка:
Хотелот има право да го промени концептот без претходна најава, за што не е одговорен тур-операторот.