Локација:
Хотелот се наоѓа во Кемер, на 300м од центарот и 60км од аеродромот во Анталија. Хотелот е компактен, зрачи со елеганцијата на холандската архитектура од 16 век, опкружен со зеленило и планината Бик.
Содржина на хотелот:
Тематскиот хотел е направен по примерот на улиците на Амстердам. Отворен е во 2005 година, а реновиран во 2012 година. Се препорачува за млади и парови од причина што секојдневно има забави и анимацијата за возрасни. Хотелот располага со базени за возрасни и деца (отворени и затворени), диско, анимации, лизгалки, мини клуб и игралиште за најмладите, спа центар, турска бања, фитнес, пинг-понг, изнајмување на автомобили, конференциска сала. Wi-Fi е бесплатен во целиот хотел.
Плажа:
Хотелот има приватна плажа со камчиња каде лежалките и чадорите се бесплатни.
Хотелска услуга:
Услугата е Ultra All Inclusive – самопослужување. Во склоп на хотелот се главниот ресторан со тераса каде се служи појадок, ручек, вечера и полноќна супа, a’la carte ресторани (меѓународни) – задолжително се резервира однапред и со доплата, деца под 2 години се бесплатни. , снек ресторан, барови во рамките на концептот на хотелот – лоби бар 1 класа, гранд кафе бар, кафуле булдог, пристаниште, диско бар, бар на плажа, молен бар, x-tra бар (со доплата), вип бар на плажа (со доплата).
Содржина и типови на соби:
Хотелот располага со вкупно 511 сместувачки единици. Секоја соба има бања со туш кабина, клима уред, ТВ, мини бар (вода и соковите се надополнуваат секој ден), сеф, Wi-Fi интернет, голем прозорец или француски балкон.
Стандардна соба со поглед на земја/поглед на море – 26м2, некои од собите имаат француски балкон, а некои имаат тераса. Максималниот број на лица е 2+1 или 3 возрасни лица
Семејна соба – 52 м2, некои од собите имаат француски балкон. Максималниот број на лица е 3+41 или 4 возрасни лица
Забелешка:
Хотелот има право да го промени концептот all inclusive без претходна најава, за што организаторот на патувањето не е одговорен.