Локација:
Хотелот Chrousso Village се наоѓа на крајот на полуостровот Касандра, во Палиури, на околу 400 метри од плажата. Од центарот на градот е на околу 2 км, од Пефкохори на околу 7 км. Природната убавина на околината во која се наоѓа комплексот е една од главните причини за големиот број посетители секоја година. Овој хотел го препорачуваме на сите гости кои сакаат целосен мир и релаксација далеку од гужвата.
Хотелски содржини:
Хотелскиот комплекс се состои од главна зграда и 19 трикатни згради распоредени на зелена површина и опкружени со прекрасна градина. На гостите им се достапни следните содржини: рецепција, сеф на рецепција, ресторан Андромеда кој служи традиционална грчка кујна, но и интернационални специјалитети, бесплатен паркинг, снек бар, два базени, детски базен, два барови покрај базен (Херкулес и Бахус), интернет катче , пинг понг, три игралишта за деца, мини клуб, игралиште за кошарка и тенис, организирана анимација, мини маркет, мини автобус до Палиури.
Плажа:
На околу 400 метри од хотелот (10 минути лесно пешачење низ зимзелената шума) се наоѓа градската песочна плажа. Лежалки и чадори на плажа се плаќаат посебно на лице место.
Содржина и типови на соби:
Хотелот располага со околу 159 соби и секоја соба е опремена со клима уред, мини фрижидер, сеф (се доплаќа), сателитска ТВ, телефон, Wi Fi интернет, бања со фен, кујна и балкон или тераса.
– Апартман – се околу 45м2 и се состојат од дневна со кујна и посебна спална соба. Овие апартмани имаат еден брачен кревет и два единечни кревети или софа кревети.- Семејна соба Голема – големина е околу 50м2 и се состои од дневна соба со кујна и посебна спална соба. Овие соби имаат еден брачен кревет и два поединечни кревети или софа кревети.
– Студио – димензиите се околу 25-30м2 и имаат мини кујна и еден брачен кревет во иста просторија.
Хотелска услуга:
Полупансион, All Inclusive.
Концепт All Inclusive за сезоната 2021 година.
– Појадок (7-10h), ручек (13h-15h) и вечера (18:30h-21h) на база на шведска маса во главниот ресторан (хотелот го задржува правото да го промени времето на послужување на оброците).
– Сладолед во ресторанот за време на ручек и вечера.
– Пијалоци во ресторанот за време на оброците (ручек и вечера): вино и точено пиво, ладни пијалоци и минерална вода.
– Бар покрај базен (10h-23h): точено вино и пиво, локално алкохолно (виски, вотка, рум и џин), коктели и безалкохолни пијалоци (скови и кафе)
– Бар до вториот базен (10-18ч): точено пиво и домашно вино, безалкохолни пијалоци и минерална вода.
– Програми за анимација 6 пати неделно, скара во грчка музика во живо, гала вечери еднаш неделно
– Дополнителни услуги: пинг понг
*** Хотелот го задржува правото да го промени концептот без претходна најава.