Archipelagos Residence е хотел со 3 * во Ретимно, со одлична локација, на само 10 минути пешачење од центарот и стариот дел на Ретимно, и околу 80 метри (од другата страна на улицата) од помалата песочно-карпеста плажа Деспотико. Широката песочна плажа на Ретимна е оддалечена околу 15 минути пешачење. Има таверна на 500 метри од хотелот и супермаркет на 200 метри. Сите студија и апартмани се комплетно реновирани за сезоната 2019. Од аеродромот во Ханија е оддалечен околу 60 км.
Хотелски содржини: Бесплатен паркинг простор карши хотелот, голема тераса на првото и нешто помала на второто ниво на хотелот со бесплатни лежалки и чадори со прекрасен поглед на морето, тврдината Фортеца и стариот град Ретимно. На првото ниво има базен и бар покрај базен, каде што можете да се освежите во секое време. Хотелот располага и со простор за забава, со пинг-понг, пикадо, сеф на рецепција, можност за перење и пеглање (се доплаќа). За последниот ден се обезбедени тоалети, туш кабина и складиште. Пред хотелот има и јавна автобуска станица.
Услуга: основна услуга е ноќевање со појадок, а барот покрај базенот има a la carte мени, доколку сакате уште еден лесен оброк во хотелот.
Соби: нудиме двокреветни студија со дополнителен кревет и апартмани погодни за 4 возрасни лица, сместени на прв кат, сите со директен поглед на море. Сместувачките единици располагаат со ЛЦД телевизори, клима, тераса, опремена кујна – со фрижидер, шпорет со две горилници, електричен шпорет, садови, за приготвување лесни оброци, бања со туш или када, фен.Чистењето е секој ден, крпите и постелнината се менуваат на три дена, а климата и сефот се бесплатни. Archipelagos Residence е објект со одлична локација, погоден за семејства со деца и парови, а со својот комфор и квалитет ќе ви овозможи комплетен одмор и атмосфера.