Хотел Central Hersonissos е градски хотел сместен во мирна улица во центарот на Херсонисос. Оддалечен е околу 200 m од градската плажа, како и од многу кафулиња, таверни и ресторани. Од автобуската станица е оддалечен само 100 m. Од главниот град Ираклион и аеродромот е на 23 километри.
Хотелски капацитети: Хотелот располага со нон-стоп рецепција, бар во фоајето отворен 24 часа, сателитска ТВ во фоајето, базен, со лежалки и чадори, ресторан со шведска маса покрај базен, лежалки и чадори, интернет катче (екстра се доплаќа), билијард се доплаќа), надворешен базен, сеф (се доплаќа), складиште за багаж, менувачница, јавен паркинг простор на улиците околу хотелот. Крпи за плажа се достапни на депозит на рецепцијата на хотелот.
Соби: Хотелот располага со 90 сместувачки единици во две згради. Станува збор за стандардни и супериорни соби, погодни за најмногу тројца возрасни, околу 20 м2. Сите сместувачки единици имаат бања со туш или када, балкон, бесплатен фен на барање, сателитска ТВ, телефон. бесплатен интернет. На доплата се достапни мини фрижидер, клима и сеф. Супериорните соби се реновирани во 2014 година.
Услуга: Основна услуга е ноќевање со појадок со можност за доплата на полупансион. Појадокот се служи од 07:30 до 09:30 часот, а вечерата од 19:00 до 21:00 часот, по принцип на шведска маса и самопослужување. Хотел Централ е препорака за парови и одличен избор за патници заинтересирани за активни одмори и ноќен живот.
Услуга: Услугата во хотелот е ноќевање со појадок, полупансион или полн пансион. Оброците се достапни во капацитетите на хотелот Минос.Појадок и вечера (отворени бифе – самопослужување) се служат во главниот ресторан Миноза, додека ручекот (во форма на салати, грицки, сендвичи и сл.) се служи во ресторанот покрај базен.