Хотел Eltina е мал, модерен хотел сместен во мирен дел на Ретимно. Од центарот на градот е околу 1,5 км, а од долгата опремена широка градска песочна плажа на околу 100 м.
Хотелот Eltina е 79 км од меѓународниот аеродром Хераклион и 74 км од аеродромот Ханија.
Хотелски содржини: Меѓу хотелските капацитети се рецепција, сеф (се доплаќа), базен и бар покрај базен, со тераса со лежалки и чадори, детско игралиште, ресторан, бесплатен интернет во целата зграда, простор за багаж.
Содржина и типови на соби: Нудиме супериорни студија (30 м2) со поглед на базен или двор, погодни за 2 лица, како и апартмани (35 м2) и супериорни апартмани (39 м2), со посебна спална соба, за сместување до четири возрасни. Сите сместувачки единици се климатизирани (климата е бесплатна), имаат балкони, сеф (се доплаќа), бесплатен интернет и сателитска ТВ. Има опремена кујна со фрижидер и прибор за приготвување лесни оброци, кафемат и бања со стаклен туш. Собите се неодамна реновирани, пространи, удобни и модерно уредени.
Услуга: Основна услуга е кирија, со можност за доплата за појадок, кој се служи во ресторанот на хотелот, на база на шведска маса. Хотелот располага со сопствен бесплатен паркинг, а на неколку минути од хотелот има и автобуска станица. Најблискиот супермаркет е спроти хотелот, додека таверна е на 200 метри. Во непосредна близина и по целата должина на „Патот на плажата“ се наоѓаат продавници, ресторани, барови, маркети, пекари и пошта.Доколку барате квалитетен хотел, со опуштена и пријателска атмосфера и добра локација, Eltina е хотелот за вас.