Minos Aparthotel е нов дел од хотелскиот комплекс Минос. Овој хотел се наоѓа во Ретимно, на 1 км од центарот, стариот град и пристаништето. Хотелот е на 80 километри од аеродромот во Ираклион. Хотелот има одлична локација и е оддалечен само 100 метри од главната песочна плажа. Одличната услуга и пријателскиот персонал се она што го прави овој хотел извонреден.
Хотелски капацитети: Минос Апарт Хотелот е анекс на хотелот Минос и гостите можат да ги користат сите негови капацитети, кои вклучуваат 2 базени со шезлонги и чадори за сонце, бесплатен Wi-Fi, сеф на рецепција, паркинг, билијард (се доплаќа). Хотелот Минос има и главен ресторан кој служи појадок и вечера, снек бар, ресторан покрај базен кој служи вечера и 2 барови, центар за масажа, можност за изнајмување велосипед и вечерна забава во хотелот Минос.
Соби: Хотелот на гостите им нуди луксузни соби, луксузни студија, апартмани и супериор апартмани. Сите соби имаат клима, бесплатен Wi-Fi, сеф вклучен во цената, балкон или тераса, бања со туш кабина, сателитска ТВ, таблет (со депозит), телефон, фрижидер, мини бар (се доплаќа), чајна гарнитура и кафе , бањарка и влечки.
Услуга: Услугата во хотелот е ноќевање со појадок, полупансион или полн пансион. Оброците се достапни во капацитетите на хотелот Минос. Појадок и вечера (отворени бифе – самопослужување) се служат во главниот ресторан Миноза, додека ручекот (во форма на салати, грицки, сендвичи и сл.) се служи во ресторанот покрај базен.