Локација: Hotel By Karaaslan Inn се наоѓа во центарот на Кушадаси, спроти пристаништето за јахти и песочните градски плажи, на булеварот Ататурк. Паралелно со булеварот се протега шеталиште кое води покрај брегот и градската плажа.
Оддалечен е 1 км од Grand Bazaara, делот од градот со најголем број ресторани и продавници и оддалечен на 1,4 км од тврдината. Локацијата е таква што до сите знаменитости во центарот може да се стигне пеш. До околните плажи може да се стигне со долмуш, мини автобуси.
Во непосредна близина на хотелот има станици за долмуши, маркети, ресторани и кафулиња.
Хотелски капацитети: Во склоп на хотелот има: базен со лежалки, чадори; бар покрај базен каде гостите можат да уживаат во пијалоци и лесни оброци (со доплата); ресторан на покривот со поглед на Егејското Море; спа центар со амам, сауна и дел за масажа (со доплата).Целиот хотел е поддржан со wi-fi конекција, што во собите може да биде послаб сигналот.
Плажа: Плажата се наоѓа спроти хотелот, каде има лежалки и чадори со доплата. (Преминување на улицата).
Содржина на собата: Собите во хотелот се стандард и Suite. Повеќето соби имаат директен или страничен поглед на море.
Стандардни соби содржат: клима, сателитска ТВ, сеф, фен, телефон, мини бар. Сите соби се состојат од спална соба, тоалет и балкон.
Suite соби содржат: клима, сателитска ТВ, сеф, фен, телефон, мини бар.
Сите соби се состојат од дневна соба со гарнитура за седење, спална соба, тоалет и балкон.
Услугата во хотелот е на база ноќевање со појадок, или полупансион (појадок-вечера, отворено бифе).
Напомена: Хотелот има право да го промени концептот без претходна најава за што не е одговорен организаторот.