Локација: Alva Donna Exclusive Hotel & Spa 5 * се наоѓа во регионот на Богазкент (Белек). Оддалечен е околу 40 километри од аеродромот во Анталија и околу 50 километри од центарот на Анталија. Реновиран во 2013 година.
Содржина на хотелот: Хотелот располага со отворени и затворени базени за деца и возрасни, аква парк (посебен за деца и возрасни), мини базен со морска вода на плажа за деца, фитнес, турска бања, парна бања, сауна, тениски терени, мини голф , мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа, одбојка, забавна програма која се менува на секои две недели, натпревари во текот на денот, вечерна шоу програма, мини клуб за деца од 4 до 12 години. Се плаќа посебно според правилата на хотелот: салон за убавина, велнес и спа центар, спортови на вода, осветлување за тениски терени, часови по тенис, куглање, билијард, компјутерски игри. Дополнително плаќање по хотелски правила: лекарска услуга, телефон, факс, компјутерски игри, чување деца, фризер, перална, трговски центар, изнајмување на автомобил. Wi-Fi е бесплатен.
Хотелска услуга: Хотелската услуга е Ultra All Inclusive, услуга за храна и пијалаци 24 часа, на база отворено бифе – самопослужување, избор на повеќе јадења (шведска маса) за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина доцна навечер, пијалок за добредојде, домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, чај, кафе, свежо цедени овошни сокови само за појадок, сладолед, мини бар во собите (се надополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво). Главен ресторан на база отворено бифе, детско бифе, диетално бифе, ресторан покрај базен, а’la Turca бар недалеку од плажата. a’la carte ресторани се: италијански, Asian & Teppanyak (кујна од Далечниот Исток), Француски, Медитерански, рибен, steak hause со претходна резервација и со доплата, барови во склоп на хотелскиот комплекс. Концептот на UAI не вклучува: премиум увезени пијалоци, специјални локални и увезени вина, енергетски пијалоци и флаширани пијалоци,
Плажа: Приватната плажа на хотелот е песочна, а лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа и на базен се бесплатни за гостите на хотелот. Приватните павилјони на плажата мора да се резервираат и однапред да се платат.
Содржина и типови на соби: Хотелот располага со вкупно 724 сместувачки единици распоредени во неколку блокови со четирикатни згради:
254 стандардни соби (27м2, главна зграда, 1 спална соба, 1 тоалет, макс 2 + 1 лице).
198 Deluxe стандардни соби (27-30м2, Deluxe зграда, 1 спална соба и 1 тоалет, макс 2 + 1 лице). Quadruple соби (30 м2, главна зграда, големи стандардни соби, макс 3 + 1 лице),
26 Deluxe Quadruple соби (48 м2, Deluxe зграда, голема стандардна соба, макс 2 + 1 лице)
95 Family соби (41 м2; во главна зграда, 2 спални соби одделени со врата и 1 тоалет, макс.4 лица).
Family deluxe соба (41м2, во deluxe зграда, две спални соби одделени со врата, 1 тоалет, макс.4 лица).
21 Family соба со кревети на спрат (41 м2, главна зграда, две спални соби одделени со врата, во втората соба кревети на спрат, еден тоалет, макс 3 + 2 лица).
Superior family соби 12 (50м2, во главната зграда, две спални соби одделени со врата, еден тоалет, макс. 4 лица).
Pasha Suit соби (66 m2; 2 спални соби, 1 простор за седење, 2 тоалета, максимум 4 лица).
Sultan suit соби (81 м2, 2 спални соби, 1 дневна соба, 2 тоалета, од кои во едниот тоалет има џакузи, макс 4 лица).
Секоја сместувачка единица располага со: тоалет со када или туш кабина, фен, централна климатизација, телефонска директна линија, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се надополнуваат секојдневно), сет за кафе/чај, сателитска ТВ и музички канали. Wi-Fi, балкон или тераса, ламинат.
Напомена: Хотелот има право да го промени концептот all inclusive без претходна најава за што не е одговорен организаторот.