Локација: Хотелот се наоѓа во Сиде, во регионот Евренсеки. Оддалечен е околу 5 километри од центарот на Сиде, околу 10 километри од Манавгат и околу 58 километри од аеродромот во Анталија. Се препорачува за семеен одмор со голем број на содржини за деца. Се препорачува и за парови кои сакаат да се забавуваат во хотелот.
Содржина на хотелот: Базени за деца и возрасни со лизгалки, аква парк со 8 тобогани за возрасни и 3 тобогани за деца, затворен базен (отворен само во зима), фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг, забавни програми преку ден, вечерни и дневни анимации, тениски терени, одбојка на плажа, кошарка, аеробик, гимнастика на вода, курсеви за танц, ватерполо, куглање, воздушна пушка, мини голф, забавен парк, мини клуб за деца од 4 до 12 години, мини диско. Wi-Fi е бесплатен во целиот хотел. Со доплата: спортови на вода, билијард, куглање, осветлување на тениско игралиште, масажа, СПА центар и салон за убавина, компјутерски игри, лекар, телефон, факс, фризер, перална, интернет кафе, продавници, rent-a-car, училиште за нуркање и се друго надвор од концептот.
Хотелска услуга: Хотелската услуга е Ultra All Inclusive. Располага со главен ресторан на база отворено бифе – самопослужување, избор на повеќе јадења (шведска маса) за појадок, доручек, ручек, вечера, попладневни колачи и кафе, грицки, сладолед во одредено време од денот, детско мени, диета мени, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои увезени алкохолни пијалоци, бар на плажа (10.00-17.00 ч.), барови во хотелскиот комплекс, a’la carte ресторани (рибни, италијанска, турска, кујна од Далечниот Исток). Дополнително се плаќа: специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени овошни сокови, турско кафе, a’la carte ресторани, пијалоци во диско.
Плажа: Хотелот излегува на приватна, песочна плажа каде што лежалките, чадорите за сонце и пешкирите за плажа се бесплатни за гостите на хотелот.
Содржина и типови на соби: Секоја сместувачка единица располага со: тоалет со туш кабина, фен, централна клима која работи во согласност со временските услови, сет за чај и кафе, чајник, директен телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секојдневно), сеф, ламинат , сателитска ТВ и музички канали, балкон, поглед на море, страничен поглед на море или поглед кон градина.
Хотелот располага со вкупно 564 сместувачки единици. Има Superior стандардни соби (40м2) – една спална соба, Family соби (60 м2) – две спални соби одвоени со врата,
Dublex Family соби (60 м2) – на спрат една спална соба и тоалет, долу детска спална соба со тоалет (не одделени со врата ), Junior Suite соби (70 m²) – една спална соба, дневна, два тоалета, џакузи во собата, King Suite (100 m²) – две спални соби, дневна, два тоалета, од кои едниот е со џакузи.
Напомена: Хотелот има право да го промени концептот all inclusive без претходна најава за што не е одговорен организаторот.