Почетна страна Занзибар

ЗАНЗИБАР ПАТУВАЊЕ : КРАТОК И КОРИСЕН ВОДИЧ

Замислете остров на кој што што уживате во мирисите на цимет, ванила, каранфилче и какао - без да биде ладно. Островот е познат по зачините. Тој е рај за љубителите на топли области, кои покрај нивниот престој на океанот, можат да запознаат сосема поинаква култура и менталитет на луѓе. Позитивната енергија на локалното население на овој остров ќе го освои срцето на секого, овие луѓе со насмевка и танц ќе ви помогнат да донесете незаборавни спомени од патувањето. Овој остров е одлично место и за љубителите на морска храна и неверојатен подводен свет, но исто така и можноста да се проба папаја,манго ... Запознајте Занзибар!

2 min.

На врвот на листата на места кои мора да се посетат во Занзибар се: најпознатите плажи Nungvi и Kendva, но исто така и помалку познати Михамви Кае, Пингви, Кевенгва, Paje. Дознај повеќе за овие плажи, интересни екскурзии, локалитети но и технички информации. Би ни било задоволство да ги споделиме со вас  – во овој краток и корисен водич за Занзибар!

Плажа Нунгви (Nungwi Beach)

Плажа Нунгви се наоѓа во истоименото рибарско село. Дотаму лесно се доаѓа бидејки е поврзана со јавниот превоз, иако секогаш постои можност за изнајмување на автомобил. Туристите најмногу ја посетуваат, бидејќи плимата и осеката  не се многу изразени, самото тоа ја прави погодна за нуркање и параглајдинг. Една од атракции е и хранење и пливање со желки.

Плажа  Кендва (Kendwa Beach)

Во близина на плажа Nungvi се наоѓа Kandva. Многу е интересно за младите луѓе поради целодневните забави кои  се одржуваат овде.И тука плимата и осеката не се посебно израземи што исто така ја прават погодна за параглајдинг нуркање но и цело дневно уживње во тиркизните морски води.

Плажа Михамви kae (Michamvi Kae)

на плажа Михамви Кае ќе уживате во прекрасното зајдисонце и прошетката на мангровата вегетација. Тоа се познати дрвја кои растат во солена вода и развиле начини за преживување во такви услови.

Плажа Pingve

Се вели дека не сте биле на Занзибар доколку не сте го посетиле The Rock ресторанот кој се наоѓа на карпа во океанот, на плажата Пенгу. Поради изразената плима и осека до  ресторанот се доаѓа или пеш или брод, што е уникатно искуство и причината зошто оваа плажа е нај интересните за туристите.

Плажа Кивенгва (Kiwengwa Beach)

Оваа плажа е позната како \”Занзибарски Малдиви\”. Богата со прекрасна природа, таа е станата вистински туристички рај и место каде што се наоѓаат многу луксузни хотели

Плажа Паје

За крај, но ништо помалку атрактивна е и плажата  Paje. Таа една од омилените з оние кои сакаат да  уживаат во едрењето.

Што уште би требало да се посети на Занзибар

Патувањето во Занзибар  не може да помине без посета на  Zanzibar, каде што ќе имате можност да го видите Стоун Таун, фармите на зачини,рибниот пазар, како и музејот на робовладетелство, Куќата Фреди Мекјури,Куќата на чудата Султанската палата… Стоун Таун е центар на сите настани и од 2000 година е под заштита на УНЕСКО поради неговата неверојатна архитектура .

Еден од популарни излети е плавиот сафари(The Blue Safari). За време на целото патување, добивате пијалок и овошје на бродот. Се застанува во близина на коралниот гребен каде што е предвидено време за нуркање, една од главните атракции за туристите. По нуркањето, Се оди до островот  на кој има дрво старо  500 години.Таму можете да купите сувенири  кои се прилично поволни за разлика  од самиот град. Исто така, не пропуштајте патување во шумата Јозани.

Сè што треба да знаете пред да одите на патувањето во Занзибар

Најубавиот период за посета на Занзибар е во периодот од јуни до октомври, како и во декември и февруари. Тоа е период кога тоа не е дождлива сезона и ќе имате најубав впечаток и време во тој период. Просечната дневна температура е од 29 до 31 степени.

Авиокомпанијата над која ја има најдобрата врска со Занзибар е Turkish Airlines. Се разбира, постојат и други авиокомпании со кои можете да летате до Занзибар. Да речеме, ако патувате со Quatar Airways, врската е Белград – Доха и летот трае 5 30 часа. Потоа Доха – Занзибар и летот трае 6 30 часа.

Валута што се користи таму е Танзанијски Шилинг, но нашата препорака е да понесете долари и да ги промениме во наведената валута или да плаќате во долари. Официјалниот јазик на кој ќе се рабирате е англискиот. Она што е неопходно за нашите граѓани е виза која се добива при слетување и чини 50 долари. Доволно е да се заврши визата. Пасошот мора да важи минимум 6 месеци по враќањето во дома.

Услугата во хотелот што го избирате е секогаш препорачливо да биде полупансион или All inclusive, така што нема да размислувате за вашите оброци но и да имате дополнителни трошоци.

Ако сакате да уживате во тиркизната боја на морето, пиете свежо исцеден сок од манго, да седиите под кокосова палма и уживате во гостопримството на локалното население и прекрасните екскурзии, Занзибар е дефинитивно островот што треба да го посетите. Со нас можете да патувате на групно патување на Занзибар 12 дена во февруари или можеме да создадеме индивидуално патување за вас во Занзибар прилагодено кон вашите желби и потреби

Čitajte još o Zanzibaru:

putovanje_zanzibar1.jpg
Далечни дестинации

Занзибар

Занзибар е остров кој припаѓа на Танзанија во Источна Африка. Познат е по рафија, туризам и многу зачини, па затоа го нарекуваат и остров на зачините.

Početna
Last minute
Hit ponude
Kontakt