Почетна страна

Египет

На вашата прва посета, Египет ќе ве плени со долгите песочни плажи, љубезните домаќини, исклучително културно наследство, можностите за незаборавно нуркање, јавање камили во пустина, крстарења со брод до коралните острови. Ќе имате можност да ги посетите познатите пирамиди во Гиза, гробниците на фараоните во Долината на кралевите, храмовите во Луксор и Карнак, да крстарите по Нил, да пробате традиционално египетско пазарење на големите чаршии и да ги доживеете метежот и вревата на метропола како што е Каиро.

3 min

Како замислувате идеален одмор? Сонце цела година, топло и чисто море, кратко патување, вистинска вредност за вашите пари? Египет има се! Речиси 365 сончеви денови, топла вода, релативно кратко време на летот и одличниот однос цена-понуда се причините поради кои Египет е една од омилените дестинации, како за туристите од целиот свет, така и за туристичките агенции кои нудат патување до оваа дестинација. Секоја година околу Црвеното Море „растат“ нови хотели и одморалишта за да го прослават враќањето на врвните дестинации за одмор. Египет нуди магичен одмор за секој тип на патник.

Египет е земја во Северна Африка и една од најпосетуваните дестинации на Црниот континент. Неговата богата историја, заедно со прекрасните плажи и топлото море, привлекува туристи од целиот свет. Бројните, луксузни хотели и резорти сместени по брегот на Црвеното Море кои се опкружени со цвеќиња и зеленило, песочни плажи и сенка под разиграните палми овозможуваат целосно уживање за време на вашиот летен одмор во Египет. Официјален јазик е арапскиот, а официјална валута е египетската фунта. Египет е најпознат како дом на древната египетска цивилизација со прекрасни храмови, хиероглифи, мумии и пред се уникатни пирамиди и сфинги.

На вашата прва посета, Египет ќе ве плени со долгите песочни плажи, љубезни домаќини, исклучително културно наследство, можностите за незаборавно нуркање, јавање камили во пустина, крстарења со брод до коралните острови. Ќе имате можност да ги посетите познатите пирамиди во Гиза, гробниците на фараоните во Долината на кралевите, храмовите во Луксор и Карнак, да крстарите по Нил, да пробате традиционално египетско пазарење на големите чаршии и да ја доживеете метежот и вревата на метропола како што е Каиро.

Хургада – затоа што е најдобра. Хургада е првото место во Египет што го носи епитетот на летно одморалиште. Пред 30 години ова некогаш заспано рибарско село почна драстично да го менува својот изглед и таму никнаа првите хотели. Денес, ова место е мешавина од постари хотели и нови модерни одморалишта, традиционален живот и развиен туризам. Брегот на Црвеното Море е неверојатен, како и подводниот свет, а има различни школи за сурфање, нуркање, туристички канцеларии кои нудат обиколка на градот, како и крстарења до блиските песочни брегови. Плажите се песочни, чисти, а зголемувањето на длабочината во морето е постепено, што е идеално за семејства со мали деца. За чистотата и топлината на морето нема потреба да пишувате, се е навистина совршено за вашиот летен одмор. Ова место, за разлика од новите и модерни локации, има задржано дел од својот египетски шарм и, покрај пристапната цена, нуди и увид во египетската историја и култура.

Летот до Хургада трае околу 3 часа. Веќе од авион можете да видите дека ова е магична земја и дека вашиот одмор ќе биде незаборавен. Црвеното Море е именувано по коралите кои на морето му даваат црвена боја од авионот. Штом слетате на аеродромот се чувствувате како да сте на друг континент. Сè е различно од она што го знаеме, но чувствувате дека сте на вистинското место!

Египетската кујна содржи различни зачини, затоа почестете се со некои убави и вкусни специјалитети. Koshari и Foole Meddamis се двете најпопуларни јадења. Кошари се подготвува од тестенини и леќа со додавање на лут или благ сос. Foole Meddamis се подготвува од фава грав. Фава грав се консумира секој ден. Овошјето, зеленчукот и разните житарки се исто така многу чести. Доколку сте љубители на слатки, не пропуштајте да пробате баклава со мед, сутлијаш со разни интересни зачини, но и пудинг.

Египет е одличен избор за одмор доколку барате активен одмор и одмор со многу екскурзии. Во земја со толку долга и богата историја, има што да се види и чуе од водичите. Пирамиди, фараони, богатство од нивните саркофази, Долината на кралевите, врховниот Бог на Сонцето… Фин песок, сонце и услови за уживање на плажа секако не недостасуваат, а во Египет во 2022 година ќе има по нешто за секого!

Најдобрите летни дестинации

Хотели за млади во Хургада
Hurgada

Хотели за млади во Хургада

Одењето во Египет само по себе е голема авантура и привлекува голем број млади авантуристи. Поради таа причина, Хургада е многу популарна меѓу младите патници.

Хотели во Египет

Хотели во Египет

Početna
Hit ponude
Kontakt